Заштита на личните податоци
Кои податоци и зошто
- Име, телефон, е-пошта и адреса за достава: за да ја изведеме нарачката (извршување договор).
- Најава со Google: ако изберете „Продолжи со Google“, Google ни ги праќа само вашето име, е-пошта и број со кој ве препознава, за да го отвориме или најдеме вашиот профил. Не добиваме лозинка ни други податоци од Google. Врската ја откачувате во профилот, под Лозинка и е-пошта.
- Потсетник за кошничка: ако во кошничката на профилот оставите производи, можеме да ви испратиме потсетник, најмногу еднаш неделно. Го откажувате со врската во секој потсетник или во профилот.
- Ако при нарачката немате профил, ви создаваме профил со истите податоци за полесно следење на нарачката. Лозинка поставувате преку врската во е-поштата, а профилот можете да го избришете кога сакате.
Колку долго
Податоците за нарачките и фактурите ги чуваме колку што бараат даночните прописи. Профилот можете да го избришете кога сакате.
Кој ги добива
Курирската служба (за достава), давателот на услугата за е-пошта и давателот на серверот, само колку што е потребно. Не ги продаваме вашите податоци.

